| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.08.2017

Пандев: Не „мрдам“ од Џенова

„Не знам ништо за најавите дека Партизан е заинтересиран за мене“, вели нашиот најдобар фудбалер

После веста дека Партизан го сака Горан Пандев во своите редови и ќе тргне во офанзива за неговиот потпис, се огласи самиот фудбалер кој што истакна дека нема да си оди од Италија и нема да го напушти тимот на Џенова.

„Не знам ништо за каквите најави за Партизан и не знам од каде потекнува сето тоа. Јас пред неколку недели го продолжив договорот со Џенова. Добро ми е тука, и среќен сум“, изјави Пандев кој што попладнево тргнува кон Македонија каде што од утре почнува со подготовките за националниот тим за дуелите со Израел и со Албанија.



Датум: 27.08.2017, 10:40
Статијата е прочитана 1981 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense