| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.10.2017

Нестор со два гола и асистенција го урна Карпи

Македонецот имаше одлична вечер во Серија „Б“

Илија Несторовски со два гола вечерва во првенствениот натпревар против Карпи, стигна до бројката шест гола во оваа сезона во Серија „Б“. Несторовски практично сам ја донесе победата, затоа што покрај двата гола запиша на крајот и аситенција во триумфот од 1:3 на гостински терен кај Карпи.

Со оваа победа Палермо остана во битка за врвот на табелата во италијанската втора лига, со цел екипата експресно да се врати во Серија „А“.

Вториот Македонец во дресот на Палермо Александар Трајковски остана на клупата на овој натпревар.



Датум: 24.10.2017, 22:33
Статијата е прочитана 675 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense