| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.04.2017

Блажевски: Важни три бода за Вардар

„Ја исполнивме целта на гостувањето во Кратово. После водството можевме да го решиме победникот со уште еден - два гола“, рече стрелецот на единствениот гол

Кој друг ако не Блажевски? После голот против Ренова со глава, на истиот начин, но овој пат од акција успеа да го „матира“ и Силекс за уште една победа на Вардар на гостински терен.

„Многу е важно што го исполнивме по она што дојдовме во Кратово, а тоа е победа и трите бодови. После првото полувреме не успеавме да постигнеме гол и да го отвориме резултатот, а во вториот дел заигравме далеку подобро. Ја забрзавме нашата игра, нападнавме со сите сили во обидот да стигнеме до водство, и тоа ни успеа во таа 64 минута кога на моја среќа јас го постигнав тој водечки гол. После водството беше многу полесно и успеавме веднаш да направиме две добри шанси кои моравме да ги реализираме и порано да го решиме победникот. Сепак, најважно е што победивме. Ова се важни три бода во обидот да ја задржиме предноста на табелата. Сега одиме напред и се фокусираме веќе кон следните натпревари на кои секако целта е иста, а тоа е победа“, вели Блажевски.



Датум: 17.04.2017, 10:39
Статијата е прочитана 1475 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense