| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.04.2017

Во Ѓорче се судираат „Градски парк“ и Чаир!


„Бодовите ни се неопходни, Шкупи е добар тим но во оваа скопска пресметка знаеме што се бара и што се очекува од нас“ вели Душко Трајчевски, капитенот на „романтичарите“

 

Со оглед на тоа дека освен во сабота и недела, „Телеком Арената“ е зафатена поради „шминкање“ за Супер Купот на УЕФА, дуелот од 29. коло меѓу Работнички и Шкупи ќе се одигра во Ѓорче, еден ден подоцна од останататите мечеви поради тоа што вчера на својот стадион играа „лавовите“.
Тимовите од Градски парк и Чаир на денешниот натпревар „влегуваат“ по неупспешниот викенд што го имаа. Работнички дома дојде само до бод со Македонија ЃП а Шкупи пак на свој терен загуби од шампионот Вардар со 0:2.
Работнички можеби е во покомотна ситуација, но тимот на стратегот Виктор Треневски сака што побргу да ја обезбеди Европа, да не чека во последните кола.
„Нам бодовите ни се неопходни, познато е што се случуваше во саботата со Македонија ЃП. Следува уште една скопска пресметка. Ќе биде тешко, Шкупи е добар тим кој знае и тоа како да се брани. Ако не бидеме оние вистинските секако дека ќе биде тешко за нас да дојдеме до трите бода. Од друга страна ние играчите на Работнички многу добро знаеме што се очекува и што се бара од нас“ истакна Душко Трајчевски, капитенот на Работнички во пресрет на денешниот дуел.

БУЊАМИН АСАНИ: ДА ОСВОИМЕ БАРЕМ БОД
Во таборот на Шкупи свесни се затоа што ги очекува на денешниот дуел во Ѓорче.
„Немавме време да размислуваме за натпреварот против Вардар и за поразот, но ги анализиравме грешките што ги направивме и ќе се обидеме да не ги повториме против Работнички. Тоа ќе биде огромен предизвик затоа што ќе се играме со многу стабилен тим, што е во позиција да биде јасен фаворит за третото место на табелата. Се разбира дека имаме наши планови за оваа средба, затоа што секој натпревар има своја вредност и свое значење, а и бодовите ни се потребни. Концентрирани сме за оваа средба и се надевам дека ќе го напуштиме теренот без да загубиме, а ако ни се укаже шанса ќе се обидеме да дојдеме и до трите бодови“ – вели Бујамин Асани.



Датум: 27.04.2017, 12:04
Статијата е прочитана 1568 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense