| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.09.2017

Уште Битола, па никој како Шкендија

Во случај утре да го победи Пелистер, тогаш Шкендија ќе го има најдобриот биланс на една наша екипа во историјата, во првиот круг од сезоната. Во случај на триумф на „Тумбе кафе“, тетовци ќе имаат осум победи и едно реми од девет средби во првиот стартен круг

Шкендија владее со Тетово, но владее и со нашата Прва лига. Завчера, момците на Ќатип Османи ја совладаа Ренова со 2:0 во градското дерби и тоа беше нивна седма победа на осмиот меч оваа есен, од стартот на новата сезона. Сосема доволно за убедливо прво место на табелата, со голем број бодови разлика. Нема што, Шкендија блеска оваа есен, игра убаво за око, руши рекорди и руши сѐ пред себе.

Само еден кикс, оној со прилепчани
Останува уште само еден натпревар од првиот стартен круг во нашата елитна лига, а Шкендија има само еден кикс, оној на средбата со Победа на свој терен, кога одигра 3:3. Да не беше тоа реми, сѐ ќе беше перфекција. Но и вака Шкендија има голема можност да сруши еден рекорд. Имено, ако утре во Битола, на гости кај Пелистер, тетовските „црвено-црни“ успеат да победат, ќе го имаат најдобриот резултат или биланс во првиот стартен круг. Во случај на триумф на „Тумбе кафе“, тие ќе имаат 8 победи од 9 меча, само едно реми и 25 освоени бода. Е, досега никој во Македонија, во нашата елитна лига не го сторил тоа во изминатите четири сезони откога нашата Прва лига има 10 клуба. Но треба да се победи Пелистер, секако дека нема да биде лесно тоа, во секој случај не е невозможно.

БИЛАНС ПО ПРВИОТ КРУГ
2014-2015 - ВАРДАР
9 6 3 0 21 БОД
2015-2016 - ВАРДАР
9 7 2 0 23 БОД
2016-2017 - ВАРДАР
9 6 3 0 21 БОД
2017-2018 - ШКЕНДИЈА
9 8 1 0 25 БОД (ако победи во Битола)



Датум: 29.09.2017, 10:57
Статијата е прочитана 3610 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense