| контакт | маркетинг
ТЕНИС

15.02.2017

Гисин: Ќе се онесвестев кога Федерер ме гушна

Алпското скијање можеби е национален спорт на Швајцарија, но прва спортска ѕвезда од оваа алпска земја останува Роџер Федерер

Швајцарската скијачка Мишел Гисин го потврдува ова. Откако освои сребрен медал во комбинација на Светското првенство во Сент Мориц, таа имаше шанса да се запознае со Федерер, кој беше присутен како гости на нашмпионатот.
„Кога ме гушна, мислев дека ќе се онесвестам. Беше прекрасно, и дури и мојата мајка мораше да зборува со него бидејќи е голем навивач. Ќе зборуваме долго за тој ден“, вели Гисин за швајцарскиот весник „Блик“.
Што точно и кажал Федерер?
„Тој ми честиташе за среброто, по што јас му честитав за кариерата, но и за титулата од Австралискиот опен. Тој ми кажа дека уште не верува дека победил во Мелбурн“, вели Гисин.



Датум: 15.02.2017, 18:05
Статијата е прочитана 1735 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense