| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.09.2017

Вечните под „Тумбе Кафе“, Шкендија на гости кај „Пиратите“ (ЖИВО)

Попладнево се играат четири натпревари од 7. коло во Првата лига, вниманието на јавноста е свртено кон дербито меѓу Пелистер и Вардар

Пелистер и Вардар, дуел меѓу вечните ривали. Битка под „Тумбе Кафе“ на ранетите. И Пелистер и Вардар во последно време далеку се од потребната форма.
Шкендија е подготвена за нова голеада, но проблем ќе биде лошиот терен на Автокоманда кај „пиратите“, за момците на стратегот Ќатип Османи. Работнички ја посакува првата домашна победа оваа сезона, „романтичарите“ се враќаат на Арената а Академија Пандев за прв пат во својата историја ќе играат на „Филип Втори“. И во Кратово, Силекс мора, ама баш мора да победи. Четири порази во серија го ставаат под голем притисок тренерот на кратовци Жикица Тасевски, доаѓа Победа која вчера назначи нов тренер во имено на Славољуб Бубања од Црна Гора.

ДВОЈКИ ЗА 7. КОЛО
ВЧЕРА,
РЕНОВА - ШКУПИ 0:0

ДЕНЕСКА 15,30
ПЕЛИСТЕР - ВАРДАР 0:1
Блажевски 30’
СКОПЈЕ - ШКЕНДИЈА 1:2
Мишевски 18’ - Ибраими 39’, Хасани 80’
РАБОТНИЧКИ - А. ПАНДЕВ 1:2
Гофри 10’ - Атанасов 27’ (п), Мишов 71’
СИЛЕКС - ПОБЕДА 1:0
Филиповски 53’


ПЕЛИСТЕР - ВАРДАР 0:1
27’ 
Попзлатанов прави продор од лево, нафрлува по земја, Филип Петров пропушта идеална шанса за гол.
30’ ГОООЛ! 0:1 Акција по средината на теренот, Боби Николов одлично до Блажевски, кој влегува во шестнаесетникот на Пелистер, и со удар во долниот лев голманов агол носи водство за гостите.
60’ Прекрасна акција на Блажевски од левата страна, кој како на тацна го проигрува Барсегјан, на петерецот, а овој иако осамен, промашува колосална шанса.

СКОПЈЕ - ШКЕНДИЈА 1:1
18' ГООЛ 1:0
. Филип Мишевски од слободен удар од околу 25 метри постигнува ефектен гол.
24’ Борче Ужевски по корнерот со нога бие директно во голот, а Мевљан Мурати спасува чист гол од гол-линијата.
39’ ГОООЛ 1:1. Слалом на Бесарт Ибраими, кој мина три играчи на домашниот тим и „распали“ во голот на Кандикјан, кој немаше шанси за реакција.
80’ ГООЛ 1:2. Асистенција на Абдурахими, кој прекрасно го наоѓа во петерецот Хасани, кој реализира во празната мрежа

РАБОТНИЧКИ - А. ПАНДЕВ 1:2
3’
Стјепановиќ од 23 метри слободен удар го погодува десниот дирек на Академија Пандев
5’ Пенал! Голманот Вујанац го фаулира Тодоров, пенал за Работнички. Кире Маркоски промашува над пречката!
10’ ГОООЛ 1:0 Прекрасна асистенција на Велинов до Гофри, црномурестиот влегува во шестнаесетникот на гостите, го дрибла голманот Вујанац и ја погодува мрежата на Академија Пандев.
27’ ГОООЛ 1:1 Прекршок врз Балдовалиев во казнениот простор на Работнички. Сигурен реализатор е Јани Атанасов.
45’ Тешка повреда на Тревис Боувен. Страдаше неговото рамо и најверојатно се работи за кинење на лигаментите. Американецот е пренесен во болница.
71’ ГОООЛ 1:2 Одлична топка во празно за Александар Мишов, кој лево откосо шутира за водство на гостите.

СИЛЕКС - ПОБЕДА 1:0

 



Датум: 24.09.2017, 14:39
Статијата е прочитана 539 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense