| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.02.2018

Деби од соништата за Јаховиќ

*Се играше судиското продолжение кога во своето деби Адис Јаховиќ го тресеше Галатасарај за 2:2. „Бомбардерот“ завчера потпиша за клубот од Коња, а вечерва влезе во игра во 57. минута на првиот меч од 1/4 финалето во Купот на Турција против Галатасарај, и го спаси својот тим од пораз


Супер деби од соништата, со гол, на Адис Јаховиќ за Коњаспор, на првиот меч од 1/4 финалето во Купот на Турција. За конечни 2:2. „Бомбардерот“ завчера потпшиша за Коњаспор а вечерва го имаше своето официјално деби за тимот од Коња. Имено тој влезе во игра во 57. минута и во судиското продолжение успеа да го тресе Галатасарај со убав шут со глава за израмнување на резултатот. Интересно е тоа што Коњаспор водеше со 1:0. За разлика од Јаховиќ, Самуел Ето исто така новиот член на Коњаспор, не настапи на овој натпревар.
Веднаш се виде дека Коњаспор бадијала не потроши милиони евра за да го ангажира македонскиот „бомбардер“.

 



Датум: 01.02.2018, 20:30
Статијата е прочитана 3378 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense