| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.11.2017

Јаневски: Грешките во одбрана скапо нè чинат

Три примени гола по наши грешки според тренерот на Вардар се клучни за вечерашниот пораз

На официјалната прес конференција по вечерашниот меч во Сосиедад каде Вардар загуби со убедливи 3:0, тренерот Чедомир Јаневски вели дека клучни за новиот пораз се грешките во одбраната. Исто така нагласи дека увидел подобрување во играта кај неговите избраници, во однос на мечот во Скопје, но и дека повторно сме далеку од игра која би ни донела поволен резултат.

„Прво сакам да им честитам на домашните за победата иако мислам дека денешниот меч го одигравме далеку подобро одколку тој во Скопје. Имавме добра организација особено до примениот гол. Знаевме дека се подобри во пас играта, во контролата на топката, но не беа опасни како во Скопје. Се до тој прв гол, кој според мене е недозволиво најнискиот играч на терен да постигне гол со глава. Имавме директно играч чувар до него кој не реагира адекватно, реагира споро и тоа на вакви мечеви во Европа скапо се плаќа во „кеш“ што се вели. Потоа продлживме затоа што 1:0 се стигнува, односно мислевме дека ќе создадевме шанса од некоја контра. Имавме неколку полуконтри, фалеше тој последен пас. И за вториот гол неадекватна реакција на одбрана, топката патува доста долго, Барсегјан греши, не го испраќа бекот до крај во одбрана и повторно како и во Скопје, токму дефанзивец ни дава гол на сличен начин. За третиот, воопшто и да не говорам. Наивно, Новак застана, не реагираме адектватно на прекин. Имавме подобрување, желба за напредок но тие ситници го решија овој меч вечерва“, вели Јаневски.

 



Датум: 02.11.2017, 23:30
Статијата е прочитана 668 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense