| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.03.2017

Спортинг потврди за Ристовски

Веќе е јасно дека Спортинг во наредниот период ќе притиска за да дојде до потписот на Македонецот

После најавите за трансфер на Стефан Ристовски во таборот на португалскиот Спортинг, во денешните изданија на печатените медиуми има потврда од клубот дека една од опциите е македонскиот десен бек.

Денешното издание на португалскиот „Рекорд“ носи дека за Ристовски „притискаат“ тренерот Жорге Жесус и претседателот Бруно де Карваљо, но и дека за десната бековска позиција има пет варијанти, меѓу кои е и Ристовски.

„Во Спортинг во моментов за позицијата на десен бек се споменуваат пет играчи. Ристовски е најблиску од нив бидејќи е најефтин и нема да чини повеќе од еден милион евра“, пишува во денешното издание на „Рекорд“.





Датум: 21.03.2017, 11:13
Статијата е прочитана 2576 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense