| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.08.2017

Данска надменост или потценување на Вардар

Пресот на нашиот шампион, во пресрет на утрешниот меч, е откажан поради тоа што немало заинтересираност од ниту еден новинар од домашните медиуми

И тоа го има во таа Скандинавија, во таа Данска. Имено пресот на кој што требаше тренерот на вардарци Гоце Седлоски, да даде свој коментар по повод утрешниот меч со Копенхаген, замислете е откажан. Причината е навистина необична. А таа е незаинтересираноста на ниту еден новинар во Копенхаген за да ги чуе коментарите на Седлоски.
Нема што, ова а таа Данска надменост или пак потценување на Вардар, на нашиот шампион кој на првиот меч во Скопје го победи Копенхаген со 1:0. Ќе видиме утревечер околу 22 часот кој ќе се радува и дали тогаш домашните ќе се „тепаат“ за да добијат изјава од било кој од нашиот табор кој веруваме дека ќе ја мине и оваа пречка во ЛШ. Но тогаш Седлоски нека им каже на домашните медиуми дека е зафатен со славјето и дека нема време за нив. Нека им врати мило за драго.
Вардарци исто така одржаа и тренинг на „Паркен“ стадионот.

 



Датум: 01.08.2017, 20:12
Статијата е прочитана 2377 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense