| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.02.2017

Попов и Гачевски: Со помош на публиката до победа над Шкендија

Вардарци повикуваат на посетеност на неделното дерби против Шкендија

Вардар и Шкендија ќе се сретнат во недела во 14 часот, а првакот очекува нов триумф. Двајцата играчи на „црвено-црните“ Горан Попов и Филип Гачевски посакуваат поголем број на гледачи во недела и победа

„Секако дека нашата цел се трите бода како и на секој натпревар. Ова ќе биде дерби кое што може да го решат моменти. Фокусирани сме и максимално подготвени за неделниот натпревар и можам да ветам дека, како јас така и сите други играчи кои што ќе добијат шанса да играат, ќе дадеме се од себе да го добиеме овој натпревар во наша корист. Посакуваме и поддршка од навивачите да дојдат на стадионот и да бидат нашиот 12 играч во недела. Убаво е кога ние фудбалерите ќе можеме да играме пред повеќе публика која што ни дава мотив за да победиме. На крајот заедно да се радуваме на уште една победа“, рече Попов.

„Ја повикувам публиката да дојде на стадионот во недела и да ни даде поддршка за да дојдеме до нова победа.  Гледачите ќе имаат можност да видат еден добар и квалитетен натпревар. Ние ќе дадеме максимум на теренот за да дојдеме до нова победа во првенството. Да ги исполниме сите задачи од стручниот штаб, и да стигнеме до трите бода на ова дерби. Верувам во квалитетите на играчите и верувам дека ќе дојдеме до зацртаната цел. Посакувам да се повторат натпреварите против Шкендија минатата сезона кога јас не примив гол, а моите соиграчи успеваа да дојдат до голови и со тоа да дојдеме до победите на двата меча“, изјави голманот на Вардар.



Датум: 24.02.2017, 14:00
Статијата е прочитана 2608 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense