| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.04.2017

Двоцифрен Вардар пред Шкендија

Лидерот го победи Пелистер со 3:1, под Шара се одигра реми 1:1. Па сега разликата меѓу нив по ова 26. коло е цели 11 бодови. Супер гол на Барсегјан на Арената

Голема победа на Вардар во „вечното“ дерби со Пелистер од 3:1. Шампионот во целост ги надигра битолчани, водеше и со 3:0 но гостите преку Ковачев од пенал сапк го ублажија поразот. Серијата голови ја отвори Балотели во 12. минута, ја продолжи Спировски во 42. а Барсегјан две минути подоцна го постигна еден од најубавите голови во првенството кога од околу 40 и повеќе метри успеа да го лобува голманот на „зелените“.

Шкендија одигра само реми и тоа 1:1 со Ренова. Релативно неинтересен натпревар од кој се очекуваше многу повеќе. „Гипсарите“ поведоа со голот на Велинов во 74. минута, додека Ибраими израмни во 83. минута со уште еден убав гол во ова коло.
Шкупи го прегази Силекс на свој терен и го победи со 3:1. Адем, Мбела и Б. Шабани стрелаа за чаирчани додека Каланоски го постигна почесниот гол за кратовци.
Во Штип со многу мака Брегалница со голот на Георгиев успеа сепак со 1:0 да слави над „лавовите“. Додека во Прилеп домашната Победа и Работнички одиграа без голови.


РЕЗУЛТАТИ - 26. КОЛО
ВАРДАР  ПЕЛИСТЕР 3:1
ШКЕНДИЈА - РЕНОВА 1:1
ШКУПИ - СИЛЕКС 3:1
ПОБЕДА - РАБОТНИЧКИ 0:0
БРЕГАЛНИЦА - МАКЕДОНИЈА ЃП 1:0


ТАБЕЛА
1. Вардар 62, 2. Шкендија 51., 3. Работнички 43., 4. Пелистер 37., 5. Силекс 35., 6. Ренова 32, 7. Шкупи 28, 8. Победа 23, 9. Брегалница 19, 10. Македонија ЃП 17 бодови



Датум: 09.04.2017, 18:07
Статијата е прочитана 1757 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense