| контакт | маркетинг

25.06.2017

Рикијардо победник по „тепачката“ Луис-Себ!

Борбата за титулата во 2017 година ќе стане поостра и посурова, откако Луис Хамилтон и Себастијан Фетел имаа необичен дуел на патеката во Баку, нешто што целосно го искористи Даниел Рикијардо за прва победа оваа сезона за Ред Бул

Рикијардо успеа да остане смирен по прекинот на трката и на крајот да триумфира пред Валтери Ботас во Мерцедес и сензационалниот дебитант на Вилијамс, Ленс Строл, додека Себастијан Фетел во Ферари извлече најмногу по сите проблеми со четвртото место пред Луис Хамилтон и минимално зголемување на предноста во генерален пласман.
Сепак, трката ќе внесе и поинаков „жар“ во борбата за титулата, откако Хамилтон и Фетел имаа конфликт на патеката, кој на крајот резултираше со казна за Фетел. Германецот доби казна од 10 секунди за конфликтот зад безбедносното возило. Пред вториот ре-старт на трката, Хамилтон неочекувано успори на излезот на15-тата кривина и Фетел удри во него, добивајќи оштетено предно крило и јавувајќи се преку радиото: „Тој се обидуваше да ме тестира под сопирачки“.
Фетел гестикулираше со рацете, по што дојде до страната на Хамилтон и сврте кон него. „Тој дојде до мене и само ме удри!“, реагираше Хамилтон. Фетел го смени крилото додека беше црвеното знаме во 24-тиот круг. Тој ја доби казната во 32. круг, по што се прашуваше: „Кога јас возев опасно?“.
Иронично, откако тој ја отслужи казната, се врати пред Хамилтон, кој мораше да влезе во боксот за да се поправи неговиот наслон за главата.

АЗЕБЕЈЏАН ГП
1.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 2:03:55.570
2.Валтери Ботас (Мерцедес) +3.904
3.Ленс Строл (Вилијамс) +4.009
4.Себастијан Фетел (Ферари) +5.976
5.Луис Хамилтон (Мерцедес) +6.188
6.Естебан Окон (Форс Индија) +30.298
7.Кевин Магнусен (Хас) +41.753
8.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) +49.400
9.Фернандо Алонсо (Мекларен) +59.551
10.Паскал Верлајн (Заубер) +1:29.093
11.Маркус Ериксон (Заубер) +1:31.794
12.Штофел Фандорне (Мекларен) +1:32.160
13.Роман Грожан (Хас) +1 круг
14.Кими Раиконен (Ферари) +5 круга
НЕ ЗАВРШИЈА
15.Серхио Перез (Форс Индија) +12 круга
16.Фелипе Маса (Вилијамс) +26 круга
17.Нико Хулкенберг (Рено) +27 круга
18.Макс Ферстапен (Ред Бул) +39 круга
19.Данил Квјат (Торо Росо) +42 круга
20.Џолион Палмер (Рено) +44 круга

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
ВОЗАЧИ
1.Себастијан Фетел (Ферари) 153
2.Луис Хамилтон (Мерцедес) 139
3.Валтери Ботас (Мерцедес) 111
4.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 92
5.Кими Раиконен (Ферари) 73
6.Макс Ферстапен (Ред Бул) 45
7.Серхио Перез (Форс Индија) 44
8.Естебан Окон (Форс Индија) 35
9.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) 29
10.Фелипе Маса (Вилијамс) 20
11.Нико Хулкенберг (Рено) 18
12.Ленс Строл (Вилијамс) 17
13.Кевин Магнусен (Хас) 11
14.Роман Грожан (Хас) 10
15.Паскал Верлајн (Гер) 5
16.Данил Квјат (Торо Росо) 4
17.Фернандо Алонсо (Мекларен) 2
КОНСТРУКТОРИ
1.Мерцедес АМГ 250
2.Скудерија Ферари 226
3.Ред Бул Рејсинг ТАГ Хојер 137
4.Форс Индија Мерцедес 79
5.Вилијамс Мерцедес 33
6.Скудерија Торо Росо Рено 33
7.Хас Ферари 21
8.Рено Ф1 18
9.Заубер Ферари 5
10.Мекларен Хонда 2



Датум: 25.06.2017, 17:38
Статијата е прочитана 1093 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense