| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.04.2017

Вардар со +13 пред дербито во среда

Скопската пресметка за шампионот, кој сега пред Шкендија има дури 13 бодови предност

Шкупи - Вардар 0:2. Тоа е епилогот од дербито на 28. коло на Чаир. Шампионот воцелост го надигра домашниот тим, разлика во класи беа во прашање. Балотели во 20. минута го начна а Барсегјан во 53. конечно ги дотолчи чаирчани. Со оваа победа сега Вардар по 28. коло има плус 13 бодови пред дербито со Шкендија кое се игра во среда.


Во Кратово Силекс и Шкендија ремизираа 1:1. Во интересна и рамноправна игра домашните поведоа со голот на Филиповски во 47. а Жуниор со прекрасен гол успеа да израмни само една минута подоцна.
Есктра значаен триумф на Пелистер во дербито на Пелагонија против Победа. Иве Трифуновски во 78. минута го реши победникот.
Ренова не знаеше за доста на мечот со Брегалница, им стегна на „сините“ четворка како од шега. Двапати Нафиу, Велинов и Мишковски беа стрелците на погодоците за „гипсарите“ кои славеа со 4:0.
Веќе во среда се игра 29. коло во нашата Прва лига.

РЕЗУЛТАТИ 28. КОЛО
ШКУПИ - ВАРДАР 0:2
СИЛЕКС - ШКЕНДИЈА 1:1
ПЕЛИСТЕР - ПОБЕДА 1:0
РЕНОВА - БРЕГАЛНИЦА 4:0
ВЧЕРА
РАБОТНИЧКИ - МАКЕДОНИЈА ЃП 1:1

ТАБЕЛА
1. Вардар 68 бодови, 2. Шкендија 55, 3. Работнички 47, 4. Пелистер 40, 5. Ренова 38, 6. Силекс 36, 7. Шкупи 29, 8. Победа 23, 9. Брегалница 19, 10. Македонија ЃП



Датум: 23.04.2017, 18:00
Статијата е прочитана 1806 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense