| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.02.2017

Силекс заврши со Анталија

Кратовци ги завршија подготовките во Анталија, коишто, како што велат, биле вистински одлука за добра подготовка за вториот дел од првенството

Со последниот тренинг во Анталија, кој треба да се одработи утре, фудбалерите на Силекс го завршуваат престојот на зимските подготовки во турскиот туристички центар.
Како што велат од кратовската екипа, оценките се дека со заминувањето во Анталија бил направен вистински потег, затоа што фудбалерите и стручниот штаб имале беспрекорни услови за тренажен процес, како и квалитетнитни противници за воигрување на тимот, подигање на натпреварувачката форма, но и можност против силни противници да видат во кои аспекти од играта има недостатоци за да може истите да бидат отстранети.
„Мора да кажам дека сум задоволен од подготовките во Анталија. Ни беа овозможени одлични услови за работа, за тренинг, а одигравме и вкупно шест пријателски натпревари против доста силни противници. Овие натпревари ги искористивме за да им дадеме шанса за игра и за проверка на формата на сите фудбалери коишто работеа во Анталија“ – вели шефот на стручниот штаб на Силекс, Жикица Тасевски.



Датум: 09.02.2017, 21:40
Статијата е прочитана 1350 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense