| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.01.2016

Партизани „притиска“ за Ибраими

Агим Ибраими и натаму е пик на Партизани од Тирана, на еден од најголемите клубови во Албанија

Партизани не се откажува така лесно од можноста да го ангажира нашиот репрезентативен напаѓач иако Ибраими сè уште не успеал да најде договор со раководството на Астана со кого сè уште е под договор. Агим беше јасен, тој нема да си оди од казахстанскиот шампион сè додека не му се исплати сè она што му следува со договорот. Се споменуваат некаде околу 1.000.000 евра кои Агим ги очекува од Астана. И сè додека не го добие тие пари тој нема намера со никого да се договара околу нов ангажман. Вчера во изјава за медиумите во Албанија излезе и раководството на Партизани со потврда дека тие прават сè да го добијат македонскиот репрезентативен напаѓач во своите редови.
Инаку, интересно е тоа што речиси секојдневно за Ибраими пишуваат и медиумите во Словенија, познато е дека тој остави длабока трага во тимот на Марибор, но не се шпекулира дека би можел да дојде во некој тамошен клуб. Првичните информации дека би можел да се врати, но во тимот на Олимпија, веднаш беа демантирани од страна на челниците на „змајчеки“.



Датум: 25.01.2017, 09:31
Статијата е прочитана 1351 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense