| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.08.2017

Бројот три среќен за Трајковски?

Дали, конечно, дојде времето на нашиот репрезентативец да блесне во дресот на Палермо?

Александар Трајковски во моментов  е еден од оние играчи за кои тимот на Палермо посакува да бидат оние што ќе го поведат тимот во кам-бекот во Серија А. Како што е добро познато, Палермо е второлигаш, а Трајковски, на изненадување на многумина, на стартот на оваа нова сезона, покажува прилично високо ниво на квалитет и форма. Па така, Италијанците коментираат дека, можеби, среќниот број на Трајковски е токму бројот три. Зошто? Тој веќе трета сезона е дел од тимот. На мечот против Виртус Франкавиља постигна три гола и тој, Несторовски и Коронадо беа тројката која го предводеше нападот на Палермо. Затоа сите оние што му мислат добро на клубот, посакуваат Трајковски да го искористи токму овој момент и да биде од голема помош за Несторовски во нападот. Македонското дуо да биде водечко во Палермо посакуваат на Сицилија, а дали ќе биде тоа така, останува да видиме. Италијанците веруваат дека Трајковски може уште многу да даде, со оглед на фактот дека тој наскоро ќе наполни 25 години.

 



Датум: 10.08.2017, 19:24
Статијата е прочитана 1240 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense