| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.12.2017


И Џелил Асани на трансфер листата на Шкендија

*Левиот бек на тетовци е пред излезна врата од таборот на есенскиот првак. На проба е хрватот Матија Шпичиќ, екс играч на Висла Краков

 


Како што успеваме да дознаеме, покрај Бесарт Абдурахими и Иван Челиковиќ, трет фудбалер кој е на трансфер-листата на клубот е Џелил Асани. Левиот офанзивен бек, кој има само 22 години и кој дојде во Шкендија пред само шест месеци. Иако беше најавуван како засилување, сепак, не успеа да се избори за местото стандарден првотимец и затоа одигра само еден официјален меч за тетовските „црвено-црни“. Мора да се каже дека имаше и голема конкуренција во играчите како Мевљан Мурати и Иван Челиковиќ. Инаку, пред да дојде во Шкендија, играше за Напредок, Влазерими, Билис Балш, Металург Скопје и за Торпедо Жодино, од каде што дојде во Шкендија.
Сепак, за да може да се каже дека сите овие тројца си заминале од Шкендија, прво мора да се изјасни раководството на клубот и, секако, тренерот Ќатип Османи. Затоа во моментов во Шкендија на проба е хрватот Матија Шпичиќ, лев бек кој играл во Висла Краков, Динамо Тбилиси, Интер Баку, Осијек...


 



Датум: 07.12.2017, 14:15
Статијата е прочитана 2798 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense