| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.11.2017

„Откази“ од четворица за Ангеловски

Откако селекторот се согласи да го пушти Несторовски, поради повреда, својот настап на „тестот“ со Норвежаните го откажа Ѓорѓев, крајно проблематични се повредите на Муслиу и Ристевски, а Адеми пак има свтикан зглоб

На маки е селекторот Игор Ангеловски за пријателскиот натпревар со Норвешка, кој ќе се игра во Скопје, 11 ноември. Предводникот на националниот тим го ослободи Илија Несторовски и му излезе во пресрет на Палермо. Но тоа не беше единствениот проблем, со оглед дека во текот на вчерашниот ден му откажаа двајца дефанзивци и двајца фудбалери од средниот ред.
Отказот на Никола Ѓорѓев и не е толку проблематичен со оглед на конкуренцијата во средниот ред, но оние на Висар Муслиу и на Кире Ристевски ќе треба да бидат загрижувачки, затоа што станува збор за двајца столбови на одбраната на репрезентацијата. Исто така Аријан Адеми има повреда на зглобот и тој веројатно нема да игра со Норвешка. Утре е собирот на нашата репрезентација за мечот на 11 ноември а во текот на денешниот ден ќе се знаат имињата на играчите кои ќе бидат дополнително повикани.

 

 

 


 



Датум: 06.11.2017, 10:29
Статијата е прочитана 3730 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense