| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.04.2017

Којашевиќ: Најважно е Вардар да победи


На денешното 57 соседско дерби интересен ќе биде и црногорскиот дуел меѓу Дамир Којашевиќ и Момчило Рашо

Дамир Којашевиќ од едната и Момчило Рашо од другата страна се сонародници и пријатели, но само надвор од теренот. Фудбалерот на Вардар смета дека пријателството со неговиот противник трае само до почетокот на натпреварот, а потоа сè се заборава.


„Да, пријател сум со Момчило. Тој е добро момче и одличен фудбалер. Цврст, силен во дуелите, има скок. Меѓутоа, моето пријателство со него завршува по почетокот на натпреварот. На теренот немам пријатели, туку ќе се трудам да го победам. Што да кажам, би сакал да му дадам гол, но најважно ми е Вардар да победи. Повторно повторувам, ќе биде тешко затоа што не само Момчило туку Работнички има и други искусни играчи кои се искусни и кои знаат да играат, затоа ќе мора сите до еден во Вардар да дадеме сè од себе. А со Момчило повторно ќе бидеме пријатели по натпреварот“, коментира Којашевиќ 


Рашо: Дамир е супер фудбалер
Работнички е познат како клуб кој ретко знае да погреши во однос на странците што ги ангажира, а уште помалку кога станува збор за млади играчи. Таков е случајот со Момчило Рашо, интернационалец од Црна Гора кој минатото лето дојде на барање на тренерот Виктор Треневски. Не само што во изминатиот дел од првенството е еден од најдобрите „романтичари“ туку е и постојан член на младата селекција на својата земја, не е далеку денот кога ќе се најде во „А“ селекцијата на таа земја.
„И јас имам да кажам многу убави работи за Дамир Којашевиќ. Навистина како фудбалер е супер, впрочем еден од најдобрите во Вардар. Тој од мене е десет години повозрасен, и затоа кога дојдов во Скопје тој беше тука крај мене да ми објасни некои работи и за градот, но и за државата Македонија па и за мак-фудбалот. Кога не сме на тренинзи или натпревари речиси секојдневно се дружиме, знаеме да отидеме на пијачка и секако дека тема на муабет е фудбалот. Навистина го ценам, но и му порачувам дека на теренот нема да го познавам. За мене приоритет е успехот на мојот тим. Ако Треневски ми даде задача стриктно да го чувам, очекувам таа задача во целост да ја исполнам. Посакувам секако успех и победа на мојот тим“, вели младиот дефанзивец на Работнички.


Црна Гора во мало...
„Можам да кажам дека денеска тоа ќе биде и Црна Гора во мало. Во Вардар игра Дамир Којашевиќ, таму беше до пред некој месец и Немања Мијушковиќ, додека кај нас покрај мене е и Иван Вуковиќ и Виктор Треневски. Мојот тренер секако дека е Македонец, но детството го има минато во Подгорица и затоа го сметам најмалку за половина Црногорец. Значи сега сме 3:1 во однос на Вардар за оние кои потекнуваат од мојата земја“, дополнува Рашо.



Датум: 02.04.2017, 12:52
Статијата е прочитана 449 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense