| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.02.2017


Тренерот Таневски го напушти Скопје


На неполна недела до стартот на пролетниот дел, екипата од Автокоманда остана без шефот на стручниот штаб


За два дена две оставки во нашите второлигашки екипи. По заминувањето на Миле Крстев од Металург, од денеска и Скопје остана без својот стратег. Имено Александар Таневски си поднесе оставка, и тоа поради приватни причини.
„Им посакувам се најдобро на фудбалерите и им се заблагодарувам за максимално професионалниот однос во текот на целата работа и покрај условите што ги имаат како играчи во македонската Втора лига. Благодарност и до клубот за дадената шанса да бидам шеф на стручен штаб на една добра екипа. За мене ова беше добар почеток и мислам дека го оставам клубот во добра позиција на табелата со 26 освоени бодови. По ова искуство, ФК Скопје секогаш ќе има посебно место во моето срце“ – вели Таневски за заминувањето од Скопје.
Младиот тренер на чело на тимот од скопска Автокоманда дојде пред почетокот на сезонава и веднаш наметна допадлив фудбалски стил со форсирање пас игра и комбинаторика во акциите. Таквите заложби донесоа резултати, па Скопје на пауза замина како второпласиран на табелата, зад неприкосновениот Академија Пандев, со осум победи, две нерешени и четири порази во есенскиот дел од првенството.



Датум: 28.02.2017, 10:36
Статијата е прочитана 1175 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense