| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.01.2017

Николов: Танасе ми е пријател, но утре сакам да го победам

„Пријателството со него е големо, меѓутоа утре ќе играм за Вардар да победи“,рече фудбалерот на Вардар

Вардар продолжува да се подготвува во Анталија, а веќе утре го игра првиот „тест“ против славната Стеауа Букурешт. Утрешниот Вардаров противник најдобро го познава кој друг ако не Бобан Николов кој што беше долго време во Романија. Тој има и многу пријатели во Стеауа, но посакува утре триумф на Вардар.

„Добро ја познавам екипата на Стеауа, тие се најпознатиот тим од Романија и екипа која што има многу навивачи во таа земја. Тоа ќе биде еден пријателски натпревар за да видиме до каде сме, и ќе ни послужи да ја градиме нашата игра, како овој, така и останатите пријателски натпревари кои ќе треба да играме во Анталија. Сепак, иако е пријателски меч сакаме да победиме, а најважно од се е да бидеме сите здрави и подготвени за пролетниот дел. Имам многу пријатели во Стеауа, најдобар ми е Флорин Танасе со кого што и натаму се дружиме и се гледаме после секоја пауза во првенството. Пријателството датира од нашите заеднички настапи во Виторул, но и покрај сѐ, утре сакам да го победам“, вели Николов.

Мечот помеѓу Вардар и Стеауа почнува утре во 15 часот по македонско време.



Датум: 23.01.2017, 12:33
Статијата е прочитана 2148 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense