| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.08.2017


Вардар Фенербахче за 3000 денари


*Од ФК Вардар ги објавија цените на билетите што во најмала рака ќе ги изненади фановите на шампионот.


Од среда (09.08.2017 година) почнува продажбата на билети за натпреварот од плеј-офот од Лигата на Европа помеѓу Вардар и Фенербахче кој што ќе се игра на 17-ти август на „Телеком Арената“ во Скопје.

Цената на билетите ќе изнесува 2.000, 2.500 и 3.000 денари.

ВАЖНА НАПОМЕНА: Имателите на Вардар ПАС билети, оние гледачи кои беа пристугни на натпреварите со Копенхаген или Малме во ЛШ, и оние кои што ќе приложат билет од некој од минатосезонските натпревари на ФК Вардар, имаат 50% попуст при купување на билет. За нив билетите ќе чинат 1.000, 1.250 и 1.500 денари.

При купување на билет, секој ќе мора да приложи документ за идентификација (лична карта, пасош).

Поради големиот интерес и од безбедносни причини, јужната трибина на „Телеком Арената“ ќе биде резервирана за навивачи на Фенербахче. Навивачи на Вардар и неутрални гледачи, можат да купуваат билети само за западната и за северната трибина од стадионот.

Билетите ќе се продаваат на следните продажни места:

СКОПЈЕ: Југотон, Атлантик Турс, Тобако 2 Скопјанка, Тобако Корнер Југодрво, Тобако Водњанска, Тобако СП Планет, Фоод бар Тренд Цитѕ Малл, Лоунге Рестаурант Тренд, Телеком Тренд, Киоск М1 ТЦ Бисер, Киоск М1 Кисела Вода, Киоск М1 Холидеј Ин, Киоск М1 Скопјанка, М1 Медиа Бисер, Киоск М1 Центар, Киоск М1 железничка станица, Тобако Капиштец, Тобако Гоги Драчево;
Билетарница С.Ц. „Јане Сандански“: од 14.08.2017 до 17.08.2017 од 10 до 18 часот.

КАВАДАРЦИ: Т.А. Атлантик Турс;

СТРУМИЦА: Скала Травел;

ГЕВГЕЛИЈА: Т.А. Путник;

ПРИЛЕП: Т.А. Бран;

ОХРИД: Голден Тобако, Нењ Тобаццо;

КОЧАНИ: Радио Кочани;

КУМАНОВО: Т.А. Мерион Травел;

ВЕЛЕС: Унисон.



Датум: 08.08.2017, 14:09
Статијата е прочитана 11028 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense