| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.11.2017

Радески пред трансфер во Динамо Загреб!

Остварени се првите контакти, допрва следуваат преговорите, па така, можно е во зимскиот преоден рок Марјан Радески да се пресели во хрватскиот гигант

Можно е Марјан Радески, напаѓачот на Шкендија, во зимскиот преоден рок да се пресели во Динамо Загреб. Контактите се остварени. Имено, има барем неколкумина менаџери кои работат на овој трансфер, и тоа од повеќе страни. Сепак, допрва следуваат преговорите меѓу Радески и Шкендија од една страна и Динамо Загреб од друга страна. Дека има нешто, дека Шкендија нема ништо против да го пушти својот репрезентативен напаѓач да направи трансфер во најголемиот клуб на овие некогашни ју-простори, доказ е и тоа што раководството на тетовци веќе го „капариса“ Лукас Гоијано Кардосо, напаѓачот на Пелистер. Инаку, веќе подолго време има понуди и интерес за Радески, и тоа од клубови од источниот дел на Европа, но најново е ова со Динамо Загреб. Шкендија нема проблем да го пушти Радески и поради тоа што сака да заработи нешто од евентуалниот негов трансфер. Тука нема ништо спорно. 



Датум: 30.11.2017, 10:56
Статијата е прочитана 3881 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense