| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.09.2017

Ќе се градат монтажни трибини на „Тумбе Кафе“

Ќе се градат монтажни трибини, налик на оние во Струмица. Вкупниот капацитет на новото „Тумбе кафе“ ќе биде 11.000 гледачи

Нова донација од Фудбалската федерација на Македонија за стадионот во Битола. Договорот е направен, минат на Советот на Оштина Битола, останува само и официјално да се потпише. А во тој договор стои дека на стадионот „Тумбе кафе“ во блиска иднина ќе почнат да се градат две монтажни трибини, зад головите, нешто налик или поточно исто како на стадионот „Младост“ во Струмица.
Со оглед на тоа дека стадионот веќе е градилиште, се гради таа северна или нова трибина, која треба за нешто повеќе од една година да биде готова, дека тука на чекање е и поставувањето на рефлекторите, може да се каже дека Битола ќе добие навистина модерно фудбалско здание, со капацитет од околу 11.000 гледачи. Нешто што Битола и фудбалска Македонија одамна го чекаат. Со ова добива и ФК Пелистер, на него ќе може „зелените“ да играат и европски натпревари.



Датум: 16.09.2017, 08:57
Статијата е прочитана 4190 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense