| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.09.2017

Втора лига исток: Брегалница се спаси во последна секунда

Борец имаше водство кое го „испушти“ во судиското надополнување, Тиквеш убедлив во Турново, а Осогово ја совлада Плачковица

Борец имаше водство над Брегалница во текот на целиот натпревар. Во 6. минута еден од претедентите за висок пласман поведе преку Каланоски. И кога се чинеше дека ќе дојде до триумфот, Мишев погоди и донесе бод за штипската екипа.
Тиквеш немаше проблеми во дуелот со Хоризонт Турново, кој што очигледно „тоне“ се подлабоко. Кавадарчани постигнаа пет гола, а три беа дело на Митрев, за триумф од 2:5.
Осогово со головите на Коцевски и на Атанасовски го совлада составот на Плачковица, кој што постигна само почесен гол преку Петров.
Кожуф успеа да триумфира на гостувањето во Валандово. И после водството на Победа, гевгечичани направија пресврт и ги однесоа трите бода.

ВТОРА ЛИГА ИСТОК
РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО
Осогово - Плачковица 2:1 (Коцевски, Атанасовски - Петров)
Х. Турново - Тиквеш 2:5 (Крстовски 49’, 64’ - Симонов 16’, Марковски 26’, Митрев 7’, 60’, 62’)
Борец - Брегалница 1:1 (Каланоски 6’ - Мишев 90’+3)
Победа В. - Кожуф 1:2
Беласица - К. Саса (19 ч.)
ТАБЕЛА: 
1. Беласица (-1) 6
2. Кожуф  6
3. Тиквеш 6
4. Осогово 6
5. Брегалница 5
6. Борец 5
7. Плачковица 3
8. Победа В.  2
9. Саса (-1) 0
10. Х. Турново 0



Датум: 16.09.2017, 18:20
Статијата е прочитана 2187 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense