| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.08.2017

Милан е од некоја друга планета

Не е срамота или катастрофа да се загуби од таков гигант па и со 0:6, такво нешто доживувале и поголеми клубови од Шкендија. Се чини боли фактот дека момците на стратегот Ќатип Османи завчера на „Сан Сиро“ не одиграа ниту 30% од своите можности. Е за тоа ќе жалат засекогаш

Милан - Шкендија 6:0. Тоа е исходот од првиот меч во плејофот во Лигата на Европа меѓу светскиот и македонскиот гигант. Не дека е срамота да се загуби од еден таков светски гигант, па тоа го доживувале и поголеми клубови од Шкендија, туку боли податокот, а знаејќи колку и што може Шкендија, дека тетовци завчера во Милано не одигра ниту 30% од своите можности. Факт е дека Милан е голем клуб, има одличен состав но сепак реално Милан моментално не е меѓу онаа светска елита барем според играчите. А во Шкендија, односно играчите на Шкендија ќе жалат засекогаш, ќе жалат до крајот на своите кариера. Дали стравот, дали импресионираноста од аудиторимумот, од името на противникот, се причините за тоа што се случи.
Сепак реално разликата во квалитетот е огромен, класи се во прашање, сепак Милан е од некоја друга планета.

ТЕШКО ПРИЗЕМЈУВАЊЕ...
Шкендија во Милано отпатува со свои амбиции, реално да одигра најдобро што може. Да се прикаже во вистинско издание, да го претставува македонскиот фудбал во светло издание како што беше кажано на брифингот. Но Шкендија е тешко приземјена, ретко кој очекуваше, па и во Шкендија, таков исход. Секако дека не можеш против Милан да влезеш, и тоа на негов терен, со цел да победиш, мора да имаш респек, но не смееш да правиш такви почетнички грешки како што правеа дел од играчите на тетовци. Посебно тие од одбраната. Тоа го истакна и тренерот Ќатип Османи на пресот веднаш по натпреварот. И тој не можеше да сфати зошто толку киксови, толку грешки на неговите фудбалери. 

Арената за 24 август е распродадена
Без разлика на тие 0:6 од „Сан Сиро“ и дефинитивно „Телеком Арената“ во Скопје на реваншот меѓу Шкендија и Милан ќе биде преполна. Имено од канцеларијата на тетовци уште пред два дена објавија дека сите 25.000 билети што се пуштени во продажба се продадени. Остануваат уште само мал контигент кој ќе се продава непосредно пред натпреварот а и неколку илјади билети на Северната трибина кои ќе бидат распределини за пријатели на клубот, гости и слично. Значи во секој случај ќе има околу 35.000 на мечот со Милан.


 



Датум: 19.08.2017, 09:45
Статијата е прочитана 2040 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense