| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.03.2017

ЦАС ОБЈАВИ: Адеми се враќа на фудбалот од 7 октомври

Одлуката за нашиот фудбалер денеска беше објавена на официјалната страна на Судот кате што беше потврдено намалувањето на казната и дозвола да играње на пфоресионален фудбал од 7 октомври 2017 година

Од 7 октомври 2017 година Аријан Адеми ќе може да се врати на професионалните фудбалски активности. Веста која што беше позната од петокот, а тоа е намалувањето на казната од четири на две години, денеска беше објавена и на официјалната страна на Судот за арбитража во спортот. Па така, ако имаше од претходно некакви дилеми, сега веќе ги нема.
Адеми ќе може да игра професионален фудбал од 7 октомври оваа година. Македонија ден претходно игра со Италија во рамките на квалификациите за Светското првенство и тоа значи дека играчот од средниот ред нема да игра. Но, за Адеми одлична ќе биде шансата да излезе на терен на 9. истиот месец кога Македонија на домашен терен ќе се соочи со аутсајдерот Лихтенштајн.



Датум: 27.03.2017, 18:16
Статијата е прочитана 1430 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense