| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.10.2017

Италија не дозволи Адеми да игра

УЕФА прифатила Аријан Адеми да игра за националниот тим в петок, но со напомена дека тоа треба да го одобри и Италија. Одговорот од нашиот противник бил „не“

ФФМ уште минатата недела се обидела да го добие правото на настап на Аријан Адеми за дуелот со Италија в петок, во Торино. Фудбалерот мина двегодишна агонија и суспензија по допинг- контролата и позитивниот тест по дуелот Динамо Загреб - Арсенал во 2015 година.
Суспензијата истекува в петок на полноќ. Неколку часа по дуелот со Италија. По барање на селекторот Ангеловски, ФФМ побарала фудбалерот да добие дозвола. Станува збор за часови... Службите од Нион дале позитивен одговор на нашето барање, но посочиле дека и Италија треба да даде согласност.
Од „аѕурите“ стигнал експресен одговор. Пораката била „не“ за настап на Адеми в петок, на дуелот во Торино.
Тој ќе добие шанса за игра на последниот меч од групата против Лихтенштајн.

ПОВЕЌЕ ВО ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА „МАКЕДОНСКИ СПОРТ“



Датум: 04.10.2017, 11:53
Статијата е прочитана 3691 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense