| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.12.2017

НЕШОВСКИ - ПРВО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА СИЛЕКС

Напролет кратовци ќе сметаат на младиот фудбалер

Иако зимскиот трансфер-период не е почнат, екипата на Силекс веќе го има своето прво засилување за пролетниот дел од сезоната. Тоа е 18-годишниот Ненад Нешовски, кој не доаѓа однадвор, туку од младинските екипи на кратовскиот клуб. Добрата работа на Нешовски на тренинзите беше наградена со настап во последното првенствено коло, на гости кај Академија Пандев, кога го имаше своето деби во бордо-синиот дрес. Тој ги одигра последните десетина минути на оваа средба, но и тоа кратко време беше доволно дека стручниот штаб има доверба во него. Од редовите на клубот велат дека очекуваат негова блескава иднина.
„Сакам да му се заблагодарам на шефот на стручниот штаб Жикица Тасевски што имаше доверба во мене да ме пушти во игра на така важен меч. Дебито многу ми значи, затоа што покажува дека се задоволни од мојата работа во Силекс. Тоа ми дава и поголем мотив да работам уште повеќе за напролет да имам и поголема минутажа. Тоа ќе зависи од мене, како ќе ги поминам подготовките и се надевам дека ќе покажам дека заслужувам почесто да бидам на теренот“, вели Нешовски.
Основната позиција на Нешовски е десно крило, а може да настапува и како бек, со оглед на тоа што неговата игра се одликува со брзина и со експлозивност.



Датум: 09.12.2017, 11:50
Статијата е прочитана 1721 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense