| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.11.2017

Ибраими: Во еден момент фудбалот ми дојде преку глава

„Се соочував со големи проблеми со Астана. Сите работи ме натераа да ми дојде фудбалот преку глава. Затоа во прв момент ја одбив понудата од Домжале“, изјави Ибраими во интервју за ТВ 24ур

Агим Ибраими и натаму е во фокусот на вниманието во Словенија. После дозволата за настап во Домжале, Македонецот е интересен за медиумите во оваа земја. Тој во интервју за ТВ 24ур изјавил дека во еден момент помислил да го остави фудбалот.

Се соочував со големи проблеми со Астана. Сите работи ме натераа да ми дојде фудбалот преку глава. Затоа во прв момент ја одбив понудата од Домжале затоа што не можев да се фокусирам на фудбалот. Од друга страна размислував дека ми е дадена втора шанса, дека Бог ми дал квалитети за да ги покажам“, изјави Ибраими за оваа телевизија.

Прашан за проблемите со Златко Заховиќ, Ибраими даде интересен одговор:

Тоа што се случи е дел од фудбалот, се случуваат такви работи. Јас го ценам секого кој што се бави со фудбалот и мислам дека секому Заховиќ мора да биде пример како се вложува во фудбалот. Јас немам ништо против клубот, во Марибор минав одлични години и секогаш ќе ми биде во срцето“, рече меѓудругото Ибраими.



Датум: 09.11.2017, 12:30
Статијата е прочитана 1952 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense