| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.03.2017

Ибраими чека „милиони“ за раскин!

Првакот на Казахстан игра многу „груба“ игра со репрезентативецот на Македонија, кој бара милионска отштета за прекин на соработката. „Очекувам за скоро време да се решат проблемите и да заминам од Астана“, најави Агим Ибраими

Со месеци трае „шаховската“ партија на Агим Ибраими со неговиот клуб Астана. Двете страни повеќе не размислуваат на заедничка соработка. Клубот постанува едни, а фудбалерот други услови под кои би дошло до раскин на договорот. Од Астана со ниски удари се обидуваат да ги „спружат“ Ибраими, но фудбалерот е упорен и цврст на своите ставови.
„Ќе си одам под услови кои јас ги сакам“, најавува Агим Ибраими, кој успева да ги смири страстите и да не потклекне под притисоците. Агим Ибраими, кој игра во Астана за годишна сума од 900.000 евра, посакува раскин, но со исплата на договорот кој го има со клубот до 2019 година.
„Еве ме, тренирам сам, додека клубот го игра првиот меч од новиот шампионат. Губат од Ордабаси со 3:0! Тоа го чув пред малку. Мене не ме пријавија за новата сезона“, ни открива Агим Ибраими од Казахстан и од начинот на кој се бори со неспортските потези на клубот.
„Тие сакаат раскин, сакам и јас... Но, не под нивни услови туку по мои. Јас ќе тренирам сам и ќе чекам... Се надевам дека за брзо време ќе се заврши сето ова и дека за десетина дена ќе ја завршам оваа авантура со Астана. Многу работи одат во моја корист. Можам да ги тужам и пред ФИФА за мобинг затоа што не се почитуваат многу одредби од договорот. На пример, додека тимот беше на подготовки во Анталија и Дубаи мене ми беше кажано да тренирам тука, во Астана. Тренирав! Ништо не одбив затоа што ги знаев нивните намери“, истакнува Агим Ибраими, кој вели дека зад него е најлошата година во неговата кариера и дека време за поправен има во периодот кој следи.

Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“.



Датум: 09.03.2017, 13:14
Статијата е прочитана 4198 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense