| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.09.2017

Ѓоре: Вардар треба да научи од поразот

Во стручниот коментар за „Македонски спорт“, екс вардарецот и еден од нашите најдобри тренери, го дава своето мислење за синоќешниот дуел во ЛЕ

„Проблемот на Вардар не беше во тактиката или нешто слично. Мора да се признае дека во моментов Зенит е далеку, далеку поквалитетен тим. Вардар не треба се разочарува од овој пораз затоа што мислам дека од ваков пораз може многу повеќе да се научи. Вардар треба да ги најде позитивните страни од средбата и да извлече искуство за следните натпревари. Ова е, сепак, едно од најквалитетните натпреварувања, секоја грешка противникот знае да ја искористи, па така Вардар од два прекина прими два гола со глава што екипа како Вардар не смее да ги прими. Сепак, ќе повторам, не треба да има разочарување, има и други натпревари а позитивно е и тоа што и публиката виде дека Зенит е поквалитетна екипа. Треба да се оди понатаму затоа што ништо не е трагично“ - смета Ѓоре Јовановски.

 

 



Датум: 15.09.2017, 10:23
Статијата е прочитана 1106 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense