| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.01.2017

Три од три во порази за Брдариќ

Шкендија загуби со 1:2 од полската Термалика во третиот свој пријателски меч оваа зима

И Термалика, прволигаш од Полска беше подобар од нашиот вицешампион Шкендија, и тоа со 2:1 во натпревар одигран попладнево во Анталија. На полувреме резултатот бил 1:0 за тимот од Полска, во вториот дел Термалика имала водство и од 2:0, за да Алими успеал да го ублажи поразот. Инаку ова е трет пораз за Шкендија и нејзиниот нов стратег Томас Брдариќ оваа зима. Прво тетовци загубија од Пелистер со 0:2, па од Габала со 1:2 и денеска од Термалика со 1:2. Којзнае можеби Шкендија се чува за тоа што е повеќе потребно, за официјалните мечеви.



Датум: 28.01.2017, 17:12
Статијата е прочитана 3192 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense