| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.12.2017

ОД АЛ БАРСА ДО БАРСА

Оваа измината година ќе ми биде засекогаш врежана во мислите. Во оваа 2017 година кариерата ја одведов на едно сосема поинакво ниво, а следната сакам уште повеќе да напредувам – вели Енис Барди за Македонски Спорт

Тежок е патот на професионалниот фудбал. Пред се затоа што го одат милиони млади момчиња од кои многу малку ќе ги достиганат височиние за кои целиот живот мечтаеле. Малкумина ја имаат таа среќа, тој луксус, таа привилегија. Само оние најталентираните, најјистрајните, најподготвените на крајот од денот можат да кажат дека успеале во тој суров свет наречен фудбал. Еден од нив е македонскиот сениорски репрезентативец, Енис Барди кој за изминатата 2017 година е најдобриот македонски фудбалер во странство, или пак како што е називот на официјалната награда доделена од Фудбалската федерација на Македонија е добитник на лауреатот најдобар репрезент на македонскиот фдбал во странство.
Оваа награда секако дека е заслужено во рацете на Барди. Момчето кое од Чаир, поточно од Шкупи преку Шведска односно Унгарија стигна да заигра во шпанската примера за тимот на Леванте, во изминатите дванаесет месеци, во вистинска смисла „експлодираше“ и беше еден од нашите најдобри фудбалери. Преку головите за Ујпешт, па прекрасниот настап за македонската младинска репрезентација на европското првенство во Полска, па се до големиот трансфер во Шпанија, каде во моментов е дел од тимот на Леванте. Головите, асистенциите таму се повеќе се множат, па сето ова не смееше да остане незабележано од страна на федерацијата. Барди во сериозна конкуренција, на Илија Нестровски, на Езџјан Алиоски на Адис Јаховиќ кои сите од ред имаа успешна година сепак, во моментов е нај нај.
Овој текст кој е посветен на Енис Барди не случајно носи наслов од Ал Барса до Барса. Неговите почетоци се токму во Шкупи, тимот кој од во моментов небитни причини, менуваше доста имиња и во еден момент носеше назив АЛ Барса. Барди тогаш ги имаше првите свои фудбалски чекори, а еве само неколку години подоцна, е дел од светската фудбалска елита и и се спротивставува на вистинстата Барса. Онаа Барселона со Меси, со Суарес, со Иван Ракитиќ големите звезди на светскито фудбал, со кој Барди во моментов е соперник, ривал. И тоа каков. Каков што ние само можеме да посакаме. Ривал кој постигнува голови од слободен удар, кој асистира, кој е главен играч во тимот на Леванте. Е таков играч има Македонија во моментов, во Енис Барди. Момче кое со својот квалитет и потенцијал му пркоси на целиот фудбалски свет во моментов.

ГОДИНА КОЈА ЗАСЕКОГАШ ЌЕ ЈА ПОМНАМ

Не можат да се добројат настаните кои во оваа 2017 година беа одбележани со предзнакот Барди. Започна како играч на Ујпешт, заигра на ЕП, направи трансфер во Леванте.
„Секако дека ова е година која ќе ја помнам засекогаш. По добро, затоа што ми се случија нешта за кои како мал сонував да ми се случат. Голови, пласман на европско првенство, играње на самиот континантален самит, трансфер во Шпанија, па голови за Леванте, не можам ни да се добројам се што ми се случи годинава. Не сум ниту свесен што се постигнав на индивидуален, а заедно со моите соиграчи и на репрезентативен план. Секогаш може и мора подобро, но навистина оваа 2017 година за мене беше нешто посебно. Секако дека сум среќен и за наградата која ми е доделена, таа е само доказ дека навистина сум се потрудил и сум работел за да го достигнам максимумот во овој момент, а во исто време истата е само поттик за да и понатаму продолжам да одам по патот кој го имам зацртано“ - вели Енис Барди во новогодишното интервју за Македонски Спорт па додава.

ДО ОВДЕ СЕ СТИГНУВА СО МНОГУ РАБОТА

Далеку е Чаир и мак фудбалот од онаму каде што е сега Енис Барди. Во Шпанија, со елитата на светскиот фудбал.
„До овде се стигнува со многу работа, многу откажувања од се, и многу желба за да успееш. Јас верував во себе, верував во своите можности, знаев дека сум способен, доволно талентиран и трудољубив за да постигнам нешто големо и ете, ја имав таа среќа сето тоа да ми се оствари. Знам дека од оваа гледна точка, е речиси незамисливо да се стигне од онаму каде што јас тргнав до Сантијаго Бернабе или пак Ноу Камп и да се игра против Реал Мадрид или Барселона, но ете мене ми успеа и сум секако среќен поради тоа. Не беше лесно да се изоди тој пат, но има уште многу пред мене. Сето ова што ми се случи ми покажа и мене но и на сите други дека постои начин како да се стигне до Македонија до светскиот фудбалски свет за кои сите мечтаевме како деца“ - порачува Барди.


НИЕ „МЛАДИТЕ“ ДАДОВМЕ СВЕЖИНА ВО А РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Генерацијата која го оствари најголемиот успех на македонскиот репрезентативен фудбал, и се пласираше на Европското првенство во Полска, веќе е трансформирана во категоријата сениори, и е главен двигател на А репрзентацијата во моментов. Таа пак, слично како и Барди ја имаше најуспешната година од осамостојувањето, а голем удел во тоа имаат Барди и неговата генерација.
„Лично мислам дека, сите ние кои периодов од У21 се приклучивме на сениорската репрезентација, ја дадовме онаа потребна свежина на овој тим. Ги споивме силите што се вели, заедно со постарата генерација и тоа на голема радост на сите во моментов функционира. Затоа мислам дека во следната 2018 година на репрезентативен план ќе имаме уште поголеми успеси и ќе докажеме дека имаме квалитет и потенцијал да се носиме со сите. Ете на крајот на минатите квалификации, одигравме одлично и против Италија, и против Албанија, и тоа покажува дека можеме да се носите со сите“ -  изтакнува најдобриот македонски интернационалец за 2017 година на Македонија.


ТЕШКО Е ДА СИ ЦЕНТАР НА ВНИМАНИЕ
На прославата по повод доделувањето на наградите на фудбалската федерација на Македонија, Енис Барди беше централна фигура. Се што беше присатно таму имаше желба да се поздрави со нашиот најдобар фудбалер во странство во моментов, да се фотографира да го овековечи тој момент. Скромниот Барди, каков што одсекогаш бил и ќе биде, им ја оствари желбата на сите.
„Уф ама било тешко да си популарен“ - искоментира Барди, додека се подготвуваше да ја направи фотосесијата за Македонски Спорт. На ова неговиот менаџер Георги Атила, кој специјално пристигна во Скопје само за наградите, му дофрли, „немој да се жалиш, така е во големиот фудбалски свет“.




Датум: 30.12.2017, 15:58
Статијата е прочитана 2795 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense