| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.07.2017

Вардар има нова „скандинавка“ за решавање

Вардар и Скопје одамна немаат дочекано трето квалификациско коло од Лигата на шампионите, а сега, кога го имаат, апетитите се уште поголеми и се сака историски плејоф. Вардар го сака тоа, Вардар го може тоа

Вардар против Копенхаген. Можеби, меч за историјата на вардарци, меч кој ќе го покаже патот на „црвено-црните“. Поминување на оваа фаза ќе значи дека Вардар за прв пат ќе игра во групната фаза од Лигата на шампионите.
Требаше да биде поинаку, односно ова требаше да биде дуел во Копенхаген, но многу работи се сменија во последните неколку месеци во нашата земја. Струмица, па сега Скопје, кое треба да покаже дека и тоа има евроклима, односно дека сака Европа, како што беше со Струмица, кога нашите екипи Вардар и Шкендија ги газеа своите противници со „тројки“.

Малме патоказ за Копенхаген
Вардар, како никогаш досега, доби противници, еден по друг, толку географски блиску. По Малме, се сели нешто позападно преку мостот и во Копенхаген. Сега данскиот првак им е ривал и „црвено-црните“ треба да го освојат и овој дел од Скандинавија. Како? По рецептот на Малме.
„Тие два меча со Малме треба да бидат пример, но мислам дека сега нѐ чекаат два сосема различни натпревара. Сметам дека Швеѓаните малку нѐ потценија, а сега Копенхаген ќе ја научи лекцијата. Но, без разлика на сѐ, нема да биде лесно. Прво играме во Скопје, каде што сакаме да направиме добар резултат пред реваншот. Сега играме на наш терен. Ќе имаме поголема поддршка од онаа во Струмица и треба да го искористиме  сето тоа“, вели репрезентативецот Стефан Спировски.



Датум: 25.07.2017, 12:12
Статијата е прочитана 876 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense