| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.08.2017

Дербито под „Тумбе - Кафе“, играат Пелистер - Работнички (ЖИВО)

Во Битола се среќаваат Пелистер и Работнички, во Ѓорче шампионот ја дочекува Победа а во Струмица одново прволигашки фудбал

Денеска од 17 часот ќе се играат три меча од 2. коло во нашата Прва лига. Дербито се игра во Битола, каде под „Тумбе - Кафе“ се среќаваат Пелистер и Работнички. Во Ѓорче шампионот Вардар ја дочекува Победа, додека во Струмица по 11 години пауза одново ќе има прволигашки натпревар. Се среќаваат Академија Пандев - Скопје.
„Македонски спорт“ во живо низ текстуален пренос ќе ви ги пренесува најинтересните моменти од трите мечеви.
Вчера Ренова дома загуби од Силекс со 0:3, додека утре на Чаир колото го затвораат Шкупи и Шкендија.

ДВОЈКИ ЗА 2. КОЛО
ПЕЛИСТЕР - РАБОТНИЧКИ
ВАРДАР - ПОБЕДА
А. ПАНДЕВ - СКОПЈЕ
ВЧЕРА,
РЕНОВА - СИЛЕКС 0:3
УТРЕ, 17 Ч
ШКУПИ  - ШКЕНДИЈА

ПЕЛИСТЕР - РАБОТНИЧКИ 1:1
41’
 Први искри на теренот. Кире Марковски и Ковачев се кошкаа, настана мал инцидент, по што судијата им покажа жолти картони на двајцата
50’ ГОООЛ! 0:1  Кире Марковски го поминува Тошевски, излегува очи-во-очи со Јовановски и рутинирано стрела за водство на Работнички.
67’ ГОООЛ! 1:1 Благоја Љамчевски прекрасно се снајде во шестнаесетникот на гостите и со лева нога стрелаше во левиот агол на голот на Работнички

ВАРДАР - ПОБЕДА 3:0
5’ ГОООЛ! 1:0
 Барсегјан носи водство за „црвено-црните“
45’+2’ ГОООЛ 2:0 Којашевиќ го зголемува водството на Вардар
69’ ГОООЛ! 3:0 Деби гол на новото засилување, Бразилецот Итало во дресот на Вардар за убедливо водство на шампионот
87’ ГОООЛ! 4:0 Фелипе со гол од пенал ја запечатува победата на Вардар


А. ПАНДЕВ - СКОПЈЕ 2:0
6’ ГОООЛ! 1:0 
Дориев  излегува сам пред голот и од десетина метри стрела во мрежата на гостите.
10’ Пецов ја погодува пречката на „Академците“ 
26' Двојна закана од страна на гостинските фудбалери, голманот Вујанац спасува.
35’ ГОООЛ! 2:0 Вареловски од десно нафрлува пред голот на гостите, од само два-три метри, Атанасов го постигнува својот прв гол во Првата лига.

 



Датум: 20.08.2017, 16:04
Статијата е прочитана 1153 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense