| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.04.2017

Дербито на Могила, Вардар гостува во Кратово (ЖИВО)

Денеска се играат петте натпревари од 27.„Велигденско“ коло во елитната Лига на Македонија

На малото стадионче на Могила во Прилеп се игра дербито на 27.коло во нашата Прва лига. Силите ќе ги одмерат „ранетите“ Пелистер и Шкендија. Во Кратово лидерот Вардар оди на нова победа, додека на Арената во Скопје, Работнички,  тимот на Виктор Треневски, кој е супер форма, ја дочекува Брегалница. Скопската пресметка меѓу Македонија ЃП и Шкупи се игра во Ѓорче, додека во градот под Шара домашната Ренова ја дочекува Победа.
„Македонски спорт“ и овојпат ќе врши текстуален пренос во живо.

 

ДВОЈКИ, 16 Ч
ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА 0:1
Радески 82’
СИЛЕКС – ВАРДАР 0:1
Блажевски 64’
РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 3:1
Трајчевски 4’, Коцев 18’ (аг), Сахити 52’ - Илиев 75’
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ 0:0
РЕНОВА - ПОБЕДА 1:0
Гафури 24’

 

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА 0:0
82’ - ГООООЛ! ПЕЛИСТЕР-ШКЕНДИЈА 0:1,
Ибраими од десно нафрлува по земја, од пеналтикот Радески шутира, топката удира еден од дефанзивците на домаќините и влегува во голот.


СИЛЕКС – ВАРДАР 0:1
78' -  Шанса за Блажевски кој што упати удар кој што Митровиќ го одбрани во корнер

65' - Боарето во супер шанса после додавање од десната страна, Митровиќ со врвот на прстите изби во корнер

64’ - ГОООООЛ! СИЛЕКС-ВАРДАР 0:1. Спировски упатува центаршут, по кој Блажевски со глава го совладува домашниот голман Митровиќ. Шампионот води во Кратово.

43' - Велковски во соло продор стигна до позиција да погоди, упати удар кој што го одбрани Митровиќ

24' - Силекс повторно пред голот на Вардар - по центаршут од левата страна Каланоски се обиде со глава, но топката отиде над голот.

10’ - Фелипе го проигра Демири на левата страна кој што упати удар кој заврши само во надворешниот дел од мрежата

7’ - Танушев во шанса за Силекс, но голманот на Вардар, Гачевски интервенира


РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 3:1
75’ - ГООООЛ! РАБОТНИЧКИ-БРЕГАЛНИЦА 3:1.
 Контранапад на Брегалница, Илиев го намалува водството на Работнички.


52’ - ГОООOЛ! РАБОТНИЧКИ-БРЕГАЛНИЦА 3:0.
Убава акција на Елмаз и Вуковиќ, која убаво ја завршува Суад Сахити.

18’ - ГООООЛ. РАБОТНИЧКИ - БРЕГАЛНИЦА 2:0.  Суад Сахити во продор, кога се најде пред голот сакеше да центрира, топката ја закачи Коцев, кој ја смести топката во својот гол.

4’ - ГООООЛ. РАБОТНИЧКИ - БРЕГАЛНИЦА 1:0. Вуковиќ од лево иделно центрира, Трајчевски ја забива топката во голот на Брегалница.

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ 0:0


РЕНОВА - ПОБЕДА 1:0

 



Датум: 15.04.2017, 15:02
Статијата е прочитана 1353 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense