| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.11.2017

Спировски: Годината да заврши како што почна

„Пријателскиот меч со Норвешка го сфаќаме многу сериозно и ќе одиме на победа. Тоа што немаме триумф против таа селекција е само статистика, која не мора ништо да значи“, вели Спировски пред утрешниот пријателски тест

Нашата најдобра репрезентација успешно ја почна годинава, со победа над Лихтенштајн од 3:0, а сега се посакува победнички финиш на годината, победа со која зад нас, на фудбалски план, ќе оставиме една од најдобрите години во историјата. За жал, доцна се разбудивме во квалификациите, па немавме повеќе бодови на контото и подобар пласман на табелата во кампањата за пласман во Русија следната година.

Кој и да игра, ќе го даде максимумот

Токму тие добри резултати на последните неколку меча носат позитивни ветришта во националниот тим. Ја подигнуваат атмосферата и даваат мотив за последниот дуел. Иако е само пријателски натпревар, сепак, сите во нашата репрезентација очекуваат победа и со тоа успешно да се заврши оваа година.
„Како и на секој натпревар што го игравме во штотуку завршените квалификации така и на овој в сабота ќе дадеме сѐ од себе да постигнеме позитивен резултат. Имаме добра атмосфера, работиме добро во овие неколку дена и очекувам сето тоа да донесе еден добар резултат, односно победа в сабота. Сакаме да ја продолжиме серијата успешни резултати во овој период и со Норвешка. Ќе ни недостигаат неколкумина играчи, како Несторовски и Адеми, но јас верувам дека кој и да игра, ќе го даде својот максимум, ќе излезе на терен со мисла за триумф и дека ќе дојдеме до него. Посакувам оваа 2017 година да заврши како што почна, со победа“, вели Стефан Спировски, фудбалерот од средниот ред на Македонија.


 *Повеќе читајте во печатеното издание на „Македонски спорт“



Датум: 10.11.2017, 10:37
Статијата е прочитана 395 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense