| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.03.2017

Бејтулаи не може со Лихтенштајн, повик за Тошевски, Зајков, Спировски...

Дефанзивецот на Шкендија има повреда на мускулот, утре ќе се знае дефинитивно колку време ќе паузира. Селекторот Ангеловски место него и Хасани, веројатно ќе ги повика Тошевски, Зајков и можеби Спировски

Повредата на мускулот на Егзон Бејтуаи, заработена на денешниот меч со Брегалница во Штип, значи дека одличниот дефанзивец на Шкендија не ќе може да настапи на дуелот со Лихтенштајн во петок во Вадуц. Во текот на утрешниот ден ќе се знае, откако врз него ќе биде извршен детален докторски преглед, колку време ќе биде надвор од зелените терени. Ова значи дека по Ферхан Хасани, исто од Шкендија, селекторот Игор Ангеловски не ќе може да смета и на услугите на Бејтулаи за дуелот во Вадуц.
Токму затоа во текот на утрешниот ден Ангеловски веројатно ќе испрати повик до Кристијан Тошевски, Ѓоко Зајков и можеби Стефан Спировски кој денеска играше со лонгета на раката.


 



Датум: 18.03.2017, 20:18
Статијата е прочитана 3149 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense