| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.04.2017

ЗЕКИЌ: Репрезентацијата остави трага врз Ејупи


Пред повикот со репрезентацијата, Музафер Ејупи беше прв стрелец на шампионатот на Хрватска.

Меѓутоа, откако беше во комбинација за дуелите со Лихтенштајн и со Белорусија, голгетерот на Осиек нема постигнато гол на три натпревари. Прашан зошто е тоа така, тренерот на оваа екипа, Зоран Зекиќ, со став.
„Репрезентативниот повик остави на него трага. Но, тоа не го смени фактот дека Ејупи е нашиот прв стрелец и затоа сите заедно мораме да се потрудиме да се врати во голгетерска форма“, изјави Зекиќ.
Ејупи беше прв стрелец пред повикот од националниот тим, но сега има „пост“ од три меча каде што се немаше запишано во листата на стрелците. Тој не успеа да погоди против Динамо и Сплит, а против Сплит не реализираше ниту удар од белата точка. Овој викенд не успеа да се запише во листата на стрелци и против Истра Пула, тим кој е „муштерија“ на македонскиот голгетер. Ејупи против Истра има постигнато дури девет голови.



Датум: 17.04.2017, 16:50
Статијата е прочитана 3257 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense