| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.03.2017

Нухи на голот на Шкендија!?

Дали Марко Јовановски и Костадин Захов, по „киксовите“ на последните два меча со Вардар, ја загубија довербата која ја имаа во Шкендија?


Како што велат нашите информации, денеска на голот на Шкендија ќе застане младиот Бесир Нухи. По онаа катастрофална грешка на неделното мега дерби, но и по оној кикс во Куманово исто така со Вардар пред 1.5 година, се чини дека Марко Јовановски ја губи довербата од страна на клубот. Исто така и Костадин Захов кај Брдариќ не е прв пик, а тоа значи дека токму Нухи, третиот голман на тетовци ќе брани против Вардар и веројатно до крајот на пролетниот дел. Како  што дознаваме Шкендија има намера во летниот преоден рок да купува голман, и тоа од Албанија од еден тамошен прволигашки клуб. Да споменеме дека Нухи има 22 години, роден во Тетово и е дете на Шкендија. Потоа брани за Љуботен и Гостивар, за да пред неколку сезони се врати во својата матична средина. Инаку има брането за Шкендија во големото финале во Купот во 2013 година протв Тетекс кога „штофарите“ на пенали дојдоа до пехарот.



Датум: 01.03.2017, 10:53
Статијата е прочитана 2865 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense