| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

09.11.2017

Лесјак е алтернативата за Штербик

Голманот на Целје го напушта матичниот клуб на крајот на сезонава, а следната дестинација можно е да биде европскиот првак Вардар

Словенечкиот репрезентативен голман Урбан Лесјак е потенцијалното ново засилување на европскиот првак Вардар. Откако „Македонски спорт“ го објави заминувањето на Арпад Штербик од „црвено-црните“ редови во Веспрем на крајот на сезонава, тргнаа и низата шпекулации за тоа кој ќе го замени искусниот чувар на мрежата. Па така на листата се најдоа Никлас Ландин (кој го продолжи договорот со Кил), како и Дарко Станиќ, но за Словенецот можеби Скопје е следната дестинација, која тој самиот ја најави.
„Среќен сум во Целје. Да се биде прв голман во матичниот клуб е остварување на сонот. Но моите амбиции се големи и затоа донесов одлука да заминам од екипата, а мојата следна дестинација ќе биде позната за месец – два. Нема што да кријам, ќе бидам дел од клубот кој е меѓу најдобрите десет во Европа“, вели во интервјуто за СЕХА, Урбан Лесјак.
Квалитетите на Лесјак се и тоа како познати за „црвено-црните“ со оглед на тоа дека Целје е противник на Вардар во регионалното натпреварување, а екипите лани ги одмерија силите и во групната фаза од Лигата на шампионите.
27-годишниот голман од 2012 година е дел од националниот тим, со кого во јануари во Франција го освои историскиот бронзен медал, а тој ќе биде и еден од адутите на Веселин Вујовиќ и за претстојното ЕП во Хрватска, каде Македонија е во група со Словенија.



Датум: 09.11.2017, 10:57
Статијата е прочитана 1917 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense