| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.02.2017

Вардар и Шкендија заедно вредат 16.000.000 евра


Како никогаш досега двата наши најголеми клубови, и тимови претенденти за титулата, се речиси израменети во однос на вредноста на играчите и се далеку на првите две места. Следува Работнички, Пелистер е на шестото место според она што го вели „Трансфермаркт“


Во пресрет на стартот на пролетниот дел од тековната 2016/2017 сезона во нашата Прва лига, во однос на Вардар и Шкендија како единствени кандидати за титулата, се прават сеопфатни анализи. За тоа кој има подобар тим, подобар тренер и слично. Ние, пак, одново ќе се осврнеме за тоа што велат парите, што вели пред сè „Трансфермаркт“ за тоа која екипа колку вреди, и дали има промена во однос на вредноста на играчите во последно време.


ШАМПИОНОТ БЕГА ЗА 1.000.000 ЕВРА
Оваа битка меѓу Вардар и Шкендија се води цели 3.5 години, откако и двата клубови добија големи, за наши услови гигантски спонзори и буџети. И како никогаш досега заедничката вредност на екипите, односно играчите не била толкава голема. Таа изнесува речиси 16.000.000 евра, односно вкупната вредност на играчите на Вардар е 8.500.000 евра, додека онаа на Шкендија е 7.430.000 евра, и тоа според најновите пресметки на „Трансфермаркт“. Ова доаѓа поради фактот дека од Вардар не си заминаа најскапите, иако имаше такви наговестувања, пред сè тука се мисли на Хуан Фелипе. Но, и поради тоа што Вардар освен Џигаури и Демири и не донесе други имиња. Во Шкендија исто така останаа највредните, како Буба Хасани и Бесарт Ибраими, но цената на вредноста на тимот ја зголемија Бесарт Абдурахими и Иван Челиковиќ.


БУБА, ФЕЛИПЕ, КОЈАШЕВИЌ
Од 18 највредни играчи во нашата Прва лига, дури 15 се членови на Вардар и Шкендија. Шампионот има седум, а тетовци еден повеќе играчи на оваа табела, останатите тројца се играчите на Работнички кои веќе ги споменавме, а тоа се Шиков, Најденов и Силјановски. На прво место на оваа листа и натаму е Ферхан Буба Хасани со 750.000 евра, до него се и вардарците Хуан Фелипе и Дамир Којашевиќ, кои исто така вредат 750.000 евра. Со вредност од 600.000 евра се Бесарт Абдурахими и Бесарт Ибраими од Шкендија, како и Хофханес Хамбарѕумјан. И по 550.000 вредат Иван Челиковиќ од Шкендија и Ванче Шиков од Работнички. Сите останати на листата вредат по 500.000 евра.


ТАБЕЛА ПО ВРЕДНОСТ НА КЛУБОВИ
1. ВАРДАР 8.500.000 ЕВРА
2. ШКЕНДИЈА 7.430.000
3. РАБОТНИЧКИ 5.000.000
4. СИЛЕКС 3.580.000
5. БРЕГАЛНИЦА 3.030.000
6. ПЕЛИСТЕР 2.900.000
7. РЕНОВА 2.780.000
8. ШКУПИ 2.100.000
9. ПОБЕДА 2.100.000
10. МАКЕДОНИЈА ЃП 1.780.000


ВРЕДНОСТ НА ИГРАЧИ ВО ЕВРА
750.000 ФЕРХАН ХАСАНИ (ШКЕ) 
  ХУАН ФЕЛИПЕ (ВАР)
  ДАМИР КОЈАШЕВИЌ (ВАР)
600.000 БЕСАРТ АБДУРАХИМИ (ШКЕ)
  БЕСАРТ ИБРАИМИ (ШКЕ)
  ХОФХАНЕС ХАМБАРЅУМЈАН (ВАР)
550.000 ИВАН ЧЕЛИКОВИЌ (ШКЕ)
  ВАНЧЕ ШИКОВ (РАБ)
500.000 БОЈАН НАЈДЕНОВ (РАБ)
  ГОРАН СИЛЈАНОВСКИ (РАБ)
  ШТЕФАН ВУЈЧИЌ (ШКЕ)
  АРМЕНД АЛИМИ (ШКЕ)
  МАРЈАН РАДЕСКИ (ШКЕ)
  СТЕНИО ЖУНИОР (ШКЕ)
  ДАРКО ВЕЛКОВСКИ (ВАР)
  БЕСИР ДЕМИРИ (ВАР)
  СТЕФАН СПИРОВСКИ (ВАР)
  ДЕЈАН БЛАЖЕВСКИ (ВАР)



Датум: 16.02.2017, 10:25
Статијата е прочитана 4501 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense