| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.02.2017

Вардар од водство во пораз против Дукла

Ниту во третиот обид на подготовките во Анталија, тимот на Вардар не успеа да ја обезбеди првата победа. По поразот од Стеауа и ремито со Амкар, предмалку Вардар загуби од Дукла Прага со конечни 2:3.

Иако актуелниот есенски шампион имаше водство со прекрасниот гол на Дарко Глишиќ во второто полувреме по само една минута противникот израмни, а потоа за кратко време и погоди за водство. До крајот Дукла имаше уште две до три сериозни ситуации за гол, но Гачевски голманот кој бранеше за Вардар во овој дел од мечот со две бравурозни одбрани успеа да спаси повисоко водство во тој момент. Во последните моменти од мечот односно во судиското продолжение, со автоголот на Милошевиќ, Вардар израмни на 2:2, но како и во претходниот случај по само една минута Дукла повторно погоди овојпат за конечни 2:3.
Вардар на овој меч настапи во комбиниран состав, а по ова за составот на Гоце Седлоски следуваат уште четири пријателски средби.



Датум: 02.02.2017, 16:23
Статијата е прочитана 2354 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense