| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.09.2017

Играчите му „кројат капа“ на селекторот Леви

Главна тема во Израел за дуелот со Македонија е дали нивниот селектор, Елиша Леви, ќе го „преживее“ септември.

Од Хаифа,
Игор Д. Ивановски

Пред утрешниот натпревар со Македонија во Израел сите погледи се насочени кон иднината на нивниот национален тим или што по овој септември и овие квалификации.
Израел тргна добро во нашата квалификациска група за пласман на СП во Русија, но потоа се случи серија на порази, од кој последниот против Албанија (0:3), на домашен терен ја прели чашата. Победничката атмосфера се претвара во пекол, со што сите „огнени“ стрели се насочени кон селекторот, Алиша Леви. Серија на играчи дадоа изјави против него, а поради навредите двајца од нив заработија суспензии од тамошната фудбалска федерација.
Израел веќе се подготвува за дуелот со Македонија, но се чини дека проблемите во нивниот табор и натаму на површина. Суспензии, откази и сомнителни повреди!!! Токму затоа во денешното издание на весникот „Израел Хајом“ се наведува дека постои скриен бунт кај дел од репрезентативците против селекторот, Леви.

Затоа утрешниот дуел со Македонија и следниот против Италија се пресудни за иднината на овој тренер на клупата на Израел. Во Хаифа за утрешниот меч се очекува стадионот да биде исполнет, не поради Македонија, не поради селекторот Елиша Леви, туку поради последниот настап за Израел на легендарниот Јуси Бенајун.



Датум: 01.09.2017, 09:22
Статијата е прочитана 909 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense