| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.02.2017

Ѓорѓиоски едногласно потврден за претседател на ФФМ

Илчо Ѓорѓиоски е реизбран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија, откако сите 91 делегати на изборното Собрание го дадоа гласот за продолжување на мандатот

Ѓорѓиоски доби целосна поддршка од делегатите на ФФМ - сите 91 делегати кои беа присутни на Собранието дадоа „зелено светло“ за останување и нов мандат на Ѓорѓиоски, кој трае до 2022 година
„Ви благодарам за поддршката и новиот мандат. Никој нема да ни помогне, ако самите не си помагаме. Во изминатиот период како никогаш во историјата вложувавме во инфраструктура. Го минуваме патот на развиените земји. Инвестираме во младинскиот фудбал, во изградба на терен. Горд сум што имаме своја куќа на фудбалот со комплекс на терени. Ќе продолжиме да вложуваме во младите, во Академијата. Тоа е нашата школа за подобра фудбалска иднина. Јасно е дека не сме задоволни од рез на сениорската селекција, но ќе се бориме да ги подобриме и резултатите. Игрите во овој квал. Циклус ни даваат надеж. Прекрасно е што конечно една наша репрез ќе игра на големо натпр. Младата селекција ќе има макс. Поддршка од ффм за настапот на еп во полска. Ви благодарам за поддршката“, изјави старо-новиот претседател на ФФМ.



Датум: 18.02.2017, 10:34
Статијата е прочитана 2492 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense