| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.12.0217

Македонија У19 против Англија, Летонија и Унгарија

Нашите млади фудбалери во елитната рудна од квалификациите добија силна но и група во која нема да играат споредна улога

Македонската репрезентација до 19. години ги доби противниците за елитната фаза од квалификациите. Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ во групата која ќе се игра напролет ќе се сретнат со фаворитот Англија, потоа Летонија и со Унгарија. Силна, но не и група во која ќе играме епизодна улога напротив. Како што веќе беше познато нашата селекција не можеше да се падне со Белгија, селекцијата со која игравме во квалификациската група на стартот во Скопје. Дополнително ќе биде одлучено каде ќе се игра турнирот, а сите треба да бидат завршени до 20. мај. Единствено победниците на групите ќе заминат на европското првенство во Финска кое ќе се одржи од 16. до 27. јули.

 



Датум: 06.12.2017, 11:18
Статијата е прочитана 672 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense