| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.04.2017

Инцидент во Новаци, Еуромилк се врати на победите



Со головите на Кудијан и Чаволи, Еуромилк освои големи три бода. Во Новаци оак во финишот на мечот удрен бил еден од гостинските службени лица и мечот беше во прекин од 7-8 минути


Успешно и победничко деби на новиот тренер на Еуромилк Зоран Арсов. Тој успеа да стартува со три големи бодови, неговиот тим одигра добро и победи со 2:0 над Тиквеш. Стрелци на два убави голови беа Кудијан во 18.и Чаволи во 81.минута.
Инцидент во Новаци на мечот меѓу истоимениот домашен тим и Вардар (Н). Некаде околу 89.минута удрен бил еден од гостинските службени лица. Мечот беше во прекин 7-8  минути по што се играше долго продолжение и имаше многу тензични ситуации а крајниот резултат беше 1:1. Головите ги постигнаа Марковски за домашните и Симјановски за гостите.

Скопје не успеа да го скрши бедемот на Влазерими и одигра само 1:1. Али им донесе водство а гостите од Кичево а израмни Алексовски, се се случуваше во првите 20 минути.
И во Турново домашниот Хоризонт Т и Тетекс одиграа без голови. Утре во Турново пак Академија Пандев во последниот меч од 19.коло ќе се сретне со Металург.

РЕЗУЛТАТИ – 19. КОЛО
ЕУРОМИЛК – ТИКВЕШ 2:0
СКОПЈЕ – ВЛАЗЕРИМИ 1:1
НОВАЦИ – ВАРДАР (Н) 1:1
ХОРИЗОНТ Т – ТЕТЕКС 0:0
УТРЕ
А. ПАНДЕВ – МЕТАЛУРГ

ТАБЕЛА
1.А. Пандев 43 бодови, 2.Скопје 34, 3.Еуромилк 33, 4.Новаци 32, 5.Хоризонт Т 26, 6.Металург 23, 7.Велазерими 22, 8.Вардар 18, 9.Тиквеш 16, 10. Тетекс 15

 



Датум: 01.04.2017, 17:23
Статијата е прочитана 5930 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense